Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
20.04.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се девет решенија против девет вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7, 8 и 14 од Колективниот договор на МВР.

- На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 14 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :

С.Г., раководител на увидна екипа во ПС за БПС при СВР Скопје, изречено му е отказно решение (внел невистинити податоци во службената книга и ги преправал веќе внесените податоци).

- На шест вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :

П.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Велес, В.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Тетово и О.А., комесар за крим работи, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци, односно во наредниот месец (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација);

М.Б. и Ф.М., полициски службеници во полициска станица при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (додека обезбедувале приведено лице, му дозволиле да зборува по телефон);

С.Ѓ., полициски службеник при Одделот за посебни единици, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (го нарушил јавниот ред и мир со тепачка).

Назад 

Креиран од operator на 20.04.2009
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217573