Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


04.04.2008

Одделот за организиран криминал при МВР до Јавното обвинителство-одделение за гонење сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ф.А. (36) од Тетово, Ј.С. (51) и А.С. (40), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело –“организирање група и поттикнување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“. Истражен судија на тројцата пријавени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Првопријавениот Ф. А. и второпријавената Ј.С., со намера да таргетираат потенцијални мигранти коишто би сакале да ја напуштат Р. Македонија и да заминат во земјите на ЕУ, во дневниот весник “Дневник“ дале оглас дека наводно нудат услуги за добивање на Шенген визи. За извршената услуга мигрантите, без да знаат дека добивале фалсификувани документи, плаќале од 1.200 до 1.500 евра од виза. Шенген визита најчесто биле германски, а биле изготвувани и италијански и белгиски визи, како и визи од други земји на ЕУ. Лицето Ф.А. претходно обезбедило СИМ картички и телефонски броеви коишто во огласот биле посочени како контакт телефони и со “странките“ договорал средби користејќи лажен идентитет. Самите средби, пак, со заинтересираните ги остварувала Ј.С. и притоа на мигрантите им биле барани да достават 3 фотографии, копија од пасош, потоа оригинал пасош без забрани за влез во земјите на ЕУ, извод од родените и друга документација. Средбите претежно се случувале на подрачјето на Скопје.

Од договорениот износ од 1.200 до 1.500 евра за една виза на третопријавениот А.С. му биле исплаќани по 800 евра за изработка на фалсификувана виза, а остатокот пари Ф.А. и Ј.С. ги делеле меѓу себе. Во Одделот за организиран криминал пријавени и документирани се пет случаи од кои во два случаи лицата се вратени во Р. Македонија поради поседување на фалсификувани документи, а во три случаи лица пријавиле измама и фалсификување на исправа. По претходно обезбедена наредба од Основниот суд Скопје 1 Скопје на 01. и 02.04 извршени се претреси во домовите на пријавените при што откриени се повеќе патни исправи, копии од патни исправи, фотографии од лица, изводи од родени, печати и други документи, односно пронајдена е комплетна документација за изготвување на фалсификувани патни исправи и виза за околу 50 лица – мигранти кои имале намера да заминат во земјите на ЕУ. Со оглед дека по презмените мерки беа документирани пет случаи, а од пронајдените документи и од оперативните сознанија за претходното делување на оваа група може да се заклучи дека станува збор за многу поголем број, МВР апелира сите граѓани коишто биле оштетени на овој начин

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk