Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


ЛИЧНА КАРТА

 

ШТО  Е  ЛИЧНА  КАРТА?

·  Лична  карта   е  јавна исправа  со  која  се докажува идентитетот,  државјанството на Република Македонија, живеалиште и адресата на граѓанинот на Република Македонија.

 

Старите лични карти  ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до три години од денот на влегување на сила на Законот за изменување и дополнување на законот за личната карта (Службен весник бр. 19/2007)  

 

 

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ?

 

·  Секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е должен да има лична карта.

 

·  За да добиете лична карта, мора да имате пријавено живеалиште (отворете го табот за живеалиште и престојувалиште).

·  Лична карта може да му се издаде на граѓанинот  со наполнети 15 години живот по лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.

 

·        Можете да имате само една лична карта.

 

 

КАДЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ  ЛИЧНА КАРТА?

 

·   Лична карта можете да добиете во подрачната единица  на  Министерството за внатрешни работи во подрачјето каде што имате живеалиште.

 

·  За да ја добиете првата лична карта треба да го направите следново:

-  да пополните и да поднесете барање кое може да го добиете бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

-   да поднесете:

1.      Ваш извод  од  матичната  книга  на  родените;

2.       Ваше уверение за македонско државјанство;

3.       Лична карта на еден од родителите.

-  да платите за образецот за личната карта паричен износ од 190 денари на жиро сметка.

·    Кога ќе го поднесувате барањето  службе­ниците ќе ви земат отпечатоци од два прста и ке ве фотографираат.

·    Рокот на важење на личната карта зависи од вашата возраст.  Ако сте на возраст:

-    до  27 години -  рокот  на  важење  е 5 години;

-    над 27 години - рокот на важење е 10 години.

·        Личната карта ќе ви ја издаде подрачната единица на Министерството за внатрешни работи каде што сте го поднеле барањето во рок од 15 дена по поднесување на барањето.

КОГА, КАКО И КАДЕ ТРЕБА ДА ЈА  ЗАМЕНАМ ЛИЧНАТА КАРТА?

 

·          КОГА: Личната карта треба да ја замените во следниве случаи:

 

1.   Ако на личната карта и истекува рокот на важење (Треба да поднесете барање за замена на  личната карта најдоцна 30 дена пред датумот на кој и истекува рокот на важење);

2.   Ако го промените местото на живеење (живеалиштето или адресата на станот во живеалиштетето);

3.   Ако го промените личното име;

4.   Ако личната карта Ви е оштетена или дотраена (службеното лице на Министерството за внатрешни работи кое е овластено да побара да му ја покажете личната карта може да ве упати да поднесете барање за замена на таква лична карта во рок од 15 дена).

 

·       КАКО: За да ја замените личната карта во горенаведените случаи, треба да го направите  следново:

-   да поднесете барање за замена на личната карта;

доказ за извршената промена (истечената лична карта, оштетената или дотраената лична карта, доказ за промена на местото на живеење, доказ за промена на личното име);

-  да платите за образецот за личната карта паричен износ од 190 денари на жиро сметка.

·        КАДЕ: Во органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал личната карта, ако во меѓувреме не сте го промениле местото на живеење.

·        ВАЖНО:  Министерството за внатрешни работи ќе Ви издаде нова лична карта во рок од 15 дена од денот кога сте поднеле барање за замена на личната карта.  Кога ќе ја подигнете новата лична карта, мора да ја предадете старата во Министерството за внатрешни работи, за поништување.

ШТО АКО ЈА ЗАГУБАМ ЛИЧНАТА КАРТА?

·    Ќе пријавите дека сте ја загубиле, во органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал личната карта.

·    Ќе пополните изјава.

·    Ќе поднесете барање за издавање нова лична карта до органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал загубената лична карта.

·      Ќе  ја огласите за неважечка во „Службен весник на РМ„ на свој трошок.

ЗАПОМНЕТЕ: 

Ако ја пронајдете загубената лична карта,  веднаш мора да му ја предадете на органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал.

ПОД КОИ ОКОЛНОСТИ  ЌЕ ПОДЛЕЖИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ ПАРИЧНА ГЛОБА ?

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА  ВО ИЗНОС ОД 20 до 80 ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО :

 1. имате повеќе од една лична карта;

 2. сте наполниле 18 години, а немате лична карта;

 3. поднесете лажен извод од матичната книга на родените;

 4. се служите со лична карта чиј рок на важеење и истечен;

 5. не поднесете барање за замена на личната карта 30 дена пред да и истече рокот на важење или пак во рок од 15 дена откако службеното лице на Министерството за внатрешни работи ве упатило да  ја замените оштетената или дотраената лична карта;

 6. не поднесете барање за замена на личната карта при промена на местото на живеење и при промена на личното име;

 7. му ја дадете личната карта на друго лице да се послужи со неа како да е негова и ако се послужите  со туѓа лична карта како да е Ваша.

 8. нема да ја предадете старата лична крата на МВР заради поништување 

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА ВО ВИСИНА ОД 30 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО: 

1. Не ја носите личната карта со себе и ако одбиете да му ја покажете на службено лице на

Министерството за внатрешни работи кое е овластено со закон да Ве легитимира (да побара да му покажете лична карта). 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk