Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.11.2012 Од денеска
Стартуваше проектот “е-тестови“ за полагање за возачка дозвола

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денеска го посети испитниот центар на АМСМ во Тетово каде што присуствуваше на промовирањето на електронското тестирање од полагањето на теоретскиот дел за стекнување со возачка дозвола, при што беше извршено тестирање на првата група пријавени кандидати.   

Практично овој нов систем на полагање од денеска почна да се применува и во сите други испитни центри низ државата. Системот функционираше бесперкорно, а кандидатите ги добиваа резултатите веднаш по завршувањето на електронскиот тест. Карактеристично е што процентот на кандидати кои имаа доволно знаење за да ги положат тестовите беше значително помал во споредба со процентот пред воведувањето на електронското полагање.

Со воведување на електронските тестови МВР очекува да се добие пореален приказ за познавањето на сообраќајните правила и прописи од страна на кандидатите а наедно и да се зголеми знаењето на идните возачи. Арбитрарноста при оценувањето и самото полагање е целосно исклучена, а исто така можноста да се повтори иста комбинација на прашања во некој од тестовите е приближно еднаква на нула, што значи дека станува апсурдно учењето наизуст на одредена комбинација на тестови, што беше дел од практиката во минатото.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk